Во Хрватска деновиве се бранува темата – дали земјата имала корист од членствотото во ЕУ и дали навистина нејзиниот развој е толку незначатилен што според еден британски модел морале да додадат специјална категорија.

Колумнист на „индекс.хр“ пишува за Ангус Медисон, британски економсит, професор, специјалист за квантитативна макроекономска политика – накусо, човек кој се бавел со стандадрот. Медисон развил модели кои даваат целосно различен поглед на историјата.

Според графиконот објавен на Фејсбук пред два дена, се гледа реалниот пораст на стандардот во ЕУ според моделите на Медисон – таму Хрвастка е толку лоша, што морале да стават посебна категорија.

„Ние сме дословно единствена категорија, затоа што во периодот од 1989-2016 реалниот БДП по глава на жител пораснал бедни 6,8 остсто.Толкав мизерен раст би имале без никакви реформи“, пишува Горан Војковиќ.

Споредено со држави кои се сметале за „бедни во споредбасо Хрватите“, како Румунијаи Бугарија оствариле пораст од 54 и 58 отсто. Полска имала пораст од 124,7 насто, а веропскиот феномен Ирска-сиромашна земја од која се ислеуваа луѓе стотици години, имала раст од дури 157,2 отсто и стана држава која увезува работна сила.Каде лежи проблемот, според Војковиќ/ Тој истакнува дека „во Хрватска нема ништо ново – ХДЗ и СДП и натаму нудат политика на феудален капитализам. Државата со големи даноци ќе земе од сите, па тогаш државата преку поитичарите тоа сето ќе ги подели. Државата ќе управува со 1.500 фирми, плус ќе вработува маса луѓе како „социјална мерка“. Тој модел на феудален капитализам е очигледно дека не оди“, истакнува коментаторот.