Еве што по седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ за медиумите изјави Александар Николовски:
„Вечерва имавме седница, една длабока анализа на внатрешно прочистување и верувајте од денеска ништо нема да исто, односно ВМРО-ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото и продолжува напред силно и реформирано, единствено во идејата за сина Македонија.
Би сакал да информирам за одлуките од вечерашната седница на ЦК на партијата:
На иницијатива на претседателот на партијата Мицкоски, ЦК го разгледа неговиот предлог за одржување на вонреден конгрес на партијата на кој би се разгледало прашањето за доверба на претседателот на партијата. ЦК го одби предлогот по дискусија на која не присуствуваше претседателот на партијата за да не влијае врз членовите.
Второ, заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и заради организирање група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел да гласаат за уставните измени, а користејќи најниски методи, ЦК го разреши потпретседателот на партијата, Митко Јанчев. Гласањето беше тајно, а резултатот беше дека едногласно е одлучено Јанчев да биде разрешен.
Разрешен е и членот на ИК, Константин Богданов.
ЦК заради истите причини побара од матичните општински комитети да поведат дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство, Сашо Мијалков и Никола Тодоров.
ЦК побара осумтте пратеници избрани на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да поднесат оставка на своите позиции бидејќи не добиле мандат да го менуваат името на државата.
ЦК го повикува ЈО по допрен глас да ги истражи наводите за поткуп, закани и уцени врз пратеници.
На крај сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција во Македонија, Зоран Заев, Вице Заев, Сашо Мијалков.“