Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот состанок ги разрешил од партијата потпретседателот Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов кој доаѓа од редот на реформаторите. За Сашо Мијалков поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров поранешниот министер за здравство било побарано од општинските комитетие да ги исклучат од партијата –  дознава Денешен од извори од партијата.

На Централниот комитет се разгледувала можноста и за вонреден конгрес, но предлогот не бил прифатен од редовите на членовите на Централниот комитет, затоа што сите делегати му дале поддршка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.