Комити, како навивачка група на спортскиот клуб Вардар, се меѓу највредните македонски брендови кои не само во Македонија, туку и на балканските простори, а и пошироко. Истите за секого на прва се асоцијација за Македонци и Македонија, вели политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Александар Пандов.

Тој преку социјалните мрежи објаснува зошто власта удри токму по оваа навивачка група.

– Затоа никого не треба да го чуди тоа што оваа предавничка хунта тргната е да се пресметува со нив, дури и со физички ликвидации. Последниот удар кон Комити дојде вчера од Зоран Заев, кој излезе со тврдење дека има сигурни докази дека биле плаќање со руски долари (од 13.000 до 21.000) од страна на грчки бизнисмен, за комитите да правеле насилни протести пред Собрание, исто како во Црна Гора де. Тоа го тврди од искази на уапсените комити, пишува Пандов во својот статус на Фејсбук.

Натаму сведочи дека присуствувал на протестите што Комити ги организираа.
– Јас присуствував на сите протести на кои повикаа Комити пред Собрание, вклучувајќи го и вчерашниот протестен марш во чест на убиениот млад Комита и Македонец, Никола Саздовски – Саздо. И точно е дека исто како на протестите, така и синоќа имаше луѓе кои работеле, а верувам дел од нив и ден денес работат за одредени служби, но тие Заев не се Комити. Тие се полициско-политички профитери, кој ти Заев треба јасно да ги посочиш со прст, а не да плукаш по Комити. Или тоа не можеш да го направиш зашто тие, „Русите“, одработуват за тебе- вели Пандов.
Тој натаму додава:

– Како доказ дека повторно лажеш и подметнуваш, појди на мојот ФБ профил на протестот на Комити на 23 јуни 2018 година и погледнете ја мојата слика од пред Собранието на Република Македонија. Јас Зајко за кого одработувам, чиј платеник сум?- прашува Пандов.