Познатиот водител на ТВ емисии од областа на виното, Александар Вучковски од Скопје, поради учество на протестот што во неделата се одржа по повод капитулантскиот договор што актуелната власт во Македонија дента го потпиша со Грција, заработил две скршеници, модринки од удари и 24 часовен притвор.
Тој, како што пишува на својот профил на „Фејсбук“, сето ова од полицијата на протестот пред Собранието на Република Македонија во Скопје, го добил иако со ништо не ги предизвикал.
– Малку доцнам, но само што излегов од 24 часовен притвор, напиша тој на социјалната мрежа, ден по протестот.
Вучковски изразува голема огорченост од тоа што го доживеал како граѓанин, кој на мирен начин го изразил својот револт и несогласување со потпишувањето на договорот во Преспа.
– Хунтата на СДС, преку својата полиција, спроведуваше „шарено-демократско – прогресивни“ техники на дисциплинирање народ. Ниту ги удирав, ниту ги гаѓав со камења и флаши, ниту ги плукав, ниту давав отпор при ставањето лисици, а сепак ми се „потпишаа“, иронично реагира Вучковски, алудирајќи на повредите што ги добил по телото.
Тој ги објавува и фотографиите на кои се гледа дека минал со две скршени коски, на дланката и на плешката, а потоа бил приведен и задржан во полициска станица 24 часа.
Резултат на оваа „дружба со полицијата“, како што иронично ја нарекува Вучковски, освен двете скршеници, очигледни се и оттисоци од удари по грбот.