Нашето партнерството, помеѓу ДУИ и СДСМ, функционира без проблеми, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање за состојбата во владината коалиција.

Ахмети рече дека има и разлики и предрасуди, но тоа не го загрозува партнерството.

– Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство се до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би не загрозувале нас, коалициските партнери, рече Ахмети.

Изјавата ја даде на приемот по повод 18-годишнината од Рамковниот договор, што се одржа вечерва во Клубот на пратениците.