Алијанса за Албанците добила две понуди за влез во Влада, така барем говорат неофицијалните информации. Првата понуда е за заедничко владеење со СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива, а втората без Алтернатива.

Доколку Алтернатива одлучи да остане во владината коалиција, тогаш АА ќе раководи со Министерството за здравство, Министерството за правда, а ќе ѝ припаднат и две функции на заменици-министри.

Вториот пакет доколку Алтернатива ја напушти Владата, тогаш АА заедно со ресорите здравство и правда, да го добие и Министерството за информатичко општество и администрација и сите управи со кои во моментов управува кадар на Алтернатива.

Премиерот Димитар Ковачевски не потврдува дали е разговарано за поделба на ресори, само уверува дека парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо.

Од АА ниту потврдуваат, ниту негираат за понудата што се шпекулира. Велат дека за нив приоритет е продолжувањето на патот на земјава кон ЕУ.

-За нас останува важно усвојувањето на уставните измени и доколку постои реална можност, тогаш сметаме дека треба да им се даде можност на измените и отворањето на преговорите со ЕУ. Исто така, борбата против криминалот и корупцијата останува приоритет, а доколку АА постигне договор, тогаш би понудила квалитетен кадар кој ќе придонесе во овие процеси и ќе потврди едно поинакво, правично и чисто владеење“, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата на Гаши, за Фокус изјавиле:

Ако се продолжи на овој начин, останатите партии само ќе се оттуѓат од овој блок, па така ќе бидеме дупло голо – ем нема 80 за уставни измени, ем про-ЕУ блокот со нарушен кредибилитет.