Европската Унија мора сериозно да размисли дали и натаму ќе го задржи истиот политички курс кон држави кандидати од Западен Балкан во кој преовладуваат политички и територијални услови, бидејќи поддршката од граѓаните се намалуца од ден во ден, а се зголемува национализмот, порачаа спрскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама од Давос.

За Рама, пак, клучно е Унијата да ги отвори фондовите и да ја зголеми финансиската помош, особено кон Македонија и Албанија.

– ЕУ мора да нè вклучи повеќе. Не претендирам да добиеме исто фондови како нашите соседи кои повеќе не се Балкан. Но, нешто мора да добиеме. С. Македонија мора да добие. Постојано зборуваме за Србија затоа што е во тренд, но С. Македонија е под голем ризик да западне во длабок национализам што може да предизвика многу неволји. Според моите информации, популарноста на Русија и Путин таму е многу повисока од ЕУ, порача Рама.