Од самиот старт на преодниот рок веќе е јасно дека ова ќе биде лудо фудбалско лето кога се во прашање преминувањата на играчи од еден во друг клуб.
Кристијано Роналдо веќе пристигна во Јувентус, во Реал Мадрид се најавува дека за сума од 225 милиони евра ќе пристигне белгискиот двоец Еден Азар и Тибо Куртоа, додека пак Ливерул ќе го сруши рекордот за сума платена за еден голман.
Како што јавува англискиот новинар Крис Баскомб, Ливерпул до Рома доставил понуда од 62 милиони фунти плус клаузули за нивниот голман Алисон бекер. Римјаните како што пишува тој може да побараат 4.5 милиони фунти повеќе, но преговорите меѓу клубот се активни.
Доколку се реализира овој трансфер на Бекер во Ливерпул, тој ќе стане најскап голман во историјата на фудбалот.