Не градев нов објект туку го обновував изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција, имав одобрение за обнова на објектот, рече Мевљудин Алити, сопственикот на објектот пред ТЦ „Мавровка“ кој денеска се урива.
Тој истакна дека во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, само да не излегува од постоечката површина.
– Нека руши државата како што е научена да руши. Ми ги остави вработените без плата, семејството без леб – додава Алити.
Сопственикот вели дека на суд ќе ја бара правдата, а ако треба ќе се жали и во Стразбур.
Денеска, како што објавивме, почна уривањето на дивоградбата за која со месеци се бараше фирма да ја сруши, а власта го криеше инвеститорот.