Фернандо Алонсо изјави дека освојувањето на Индијанаполис 500 оваа година може да биде најважната победа во неговиот живот.

На 26 мај, двократниот шампион во Формула 1 ќе се обиде по втор пат да забележи успех, што пак може да го направи втор пилот со таканаречената „тројна круна“ во мотоспортот (победи на ГП на Монако, „24 часа Ле Ман“ и Инди 500).

Алонсо верува дека оваа година е поподготвен отколку во 2017 година.

– Инди 500 е најголемиот натпревар во светот,кога зборуваме за адреналин и емоции. Гледате 300.000 гледачи на патеката, кои се радуваат на 33 пилоти.Мислам дека тоа е нешто уникатно. Во споредба со 2017-та, овојпат подобро ќе ги контролирам моите емоции, изјави Алонсо.

Шпанецот ги започна лошо тестовите за Инди 500 во крајот на април поради дефект во возилото.

– Ова може да биде најважната победа во животот, во мојата кариера. Натпреварувањето е многу важно за мене во моментов, затоа што тројната круна е многу блиску. Очигледно Формула 1 беше мојот живот и сон за многу долго. Сфатив дека имам поголем потенцијал од Формула 1 и сакам да освојувам вакви легендарни трки, додаде поранешниот пилот на Мекларен, Ферари и Рено.