Амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Посетата ќе започне со средба меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Дејан Проданоски, по што ќе следува состанок со членовите на општинскиот совет. Во фокусот на разговорите ќе бидат придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.
Во рамките на посетата, амбасадорот Рокас ќе оствари средби и со претставници на граѓанското општество и Младинскиот совет во Општина Прилеп.




