Комерцијални сателитски снимки објавени од американска приватна компанија укажуваат на ново прераспоредување на руските воени сили на неколку локации во близина на Украина.
Компанијата „Максар технолоџи“ соопшти дека фотографиите, снимени вчера и завчера покажуваат „значителни нови распоредувања“ на руски војници на неколку локации на Крим, во западна Русија и во Белорусија.
На аеродромот Октјабрској, северно од градот Симферопољ, на Крим идентификувано е ново распоредување на трупи и опрема, вклучително 550 воени шатори и стотина возила.
Дополнителни трупи и опрема пристигнаа и близина на базата Новозерној на Крим, а забележано е ново распоредување и во близина на градот Славне, северозападен Крим.
Во Белорусија, каде во моментот се одржуваат руско-белоруски воени вежби, компанијата „Максар“ идентификува распоредување на трупи, воени возила и хеликоптери на аеродромот Зјабровка во близина на Гомељ, на помалку од 25 километри од границата со Украина.
Исто така забележано е големо распоредување на војници и на полигонот за обука Курск, западна Русија, на околу 110 километри оддалеченост од украинската граница.