Американската полиција испука солзавец на мексиканската страна од границата во Тихуана во обид да спречи мигранти да преминат гранична ограда.
Чад од солзавецот зафати и мигранти меѓу кои жени и деца како и новинари кои се наоѓаа близу местото на инцидентот.
Мигрантите изјавиле дека на границата дошле со карванот мигранти од Хондурас.
Американската полиција тврди дека солзавецот е испукан поради мигранти кои фрлале со камења и спречувале нивни агенти да им помогнат на деца кои се префрлале преку бодликавата жица. Најмалку 25 мигранти се уапсени.