Американските вооружени сили можат привремено да сместат до 50.000 евакуирани Авганистанци во нивните бази во САД, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Џон Кирби.

Претходно, вооружените сили соопштија дека капацитет е повеќе од 20.000 луѓе.

Приемот на дополнителни Авганистанци сега е возможен бидејќи војската отвора уште три бази за да ги прими евакуираните лица, рече Кирби.

Тоа се претежно поранешни авганистански вработени во американските вооружени сили и нивните семејства. Тие првично ќе бидат сместени во воени бази додека американските власти детално ги обработуваат нивните апликации за виза