Американскиот претседател Џо Бајден „ги даде сите неопходни овластувања“ на командата на американските вооружени сили да спроведе операции против целите на „Исламска држава“, соопшти Белата куќа.

Помошниците на американскиот претседател го известиле дека е можен нов напад во Кабул.

Бајден исто така бил информиран дека периодот до 31 август ќе биде најопасен.

– Следните неколку дена од мисијата за евакуација од Авганистан ќе биде најопасниот период. Претседателот со командантите го потврди неговото одобрување за сè што з им е потребно да спроведат операција и да ги заштитат нашите војници, и сите пријавија дека имаат ресурси за кои веруваат дека треба да го сторат тоа ефикасно“, се вели во соопштението.