Талибанците бараат од САД да го задржат дипломатското присуство во Авганистан по повлекувањето на американската војска, јави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на свои извори.

САД очекуваат до 31 август да ја завршат операцијата за евакуација на луѓето од Авганистан и до тој датум да ги повлечат своите војници од земјата. Како што забележува „Вашингтон пост“, одржувањето на дипломатско присуство во Авганистан најверојатно ќе доведе до обнова на работата на американската Амбасада во Кабул.

Според весникот, Вашингтон ја испитува можноста за одржување дипломатско присуство во Авганистан, но конечна одлука сè уште не е донесена. Покрај тоа, според извори на „Вашингтон пост“, САД се вклучени и во преговори за идно управување со аеродромот во Кабул.