Одлуката на американскиот Стејт департмент да ја обвини Русија за труењето на Сергеј Скрипал без доказ е како „да си играте со ќибритчиња во соба полна со бензин“, изјавил Џим Џатрас, поранешен американски дипломат.
Објавата на санкции вчера е донесена и покрај фактот што САД се целосно свесни дека Русија не е одговорна за труењето на Скрипал во Салисбури, Велика Британија во март.
-Ова е политичко барање…креирано со цел директно да се ослаби Трамп со предлози од администрацијата на претседателот Трамп, како и сенаторот Рон Пол, кој сега е во Москва со цел да ги затопли односите со Русија“, вели Џатрас.
Поранешниот претставник на Пентагон, Мајкл Малуф, пак оценувајќи го соопштението на Вашингтон вели дека „вие имате надворешна политика на Доналд Трамп, а сега имате и надворешна политика на администрацијата на Трамп“. Тој истакнува дека санкциите се оркестрирани од „тајната држава“ (дип стејт) со намера „да го прикажат претседателот како лош и да го натераат во ќош“.
Џатрас предупредува дека обичните луѓе и немаат претстава во каква ситуација се наоѓаат меѓусебните односи.
„Ние се доближуваме до линија на прекинување на дијалогот, кинење на односите кои се случуваат меѓу земји кога тие се пред војна. Мислам дека луѓето не сфаќаат дека ова е како играње со ќибритчиња во соба полна со бензин“, вели Џатрас, потенцирајќи го вториот пакет санкции со кој може да се спушти нивото на дипломатски односи и да се забранат авиолетовите на Аерофлот во Русија.