Американски безбедносни агенти испукаа солзавец врз мигранти во Мексико во близина на границата со САД, откако мигранти се обидоа да ја пробијат оградата на границата меѓу двете држави.

Граничниот појас го надлетуваат хеликоптери на американската гранична патрола додека покрај жичената ограда се движат агенти.

Канцеларијата на граничната полиција во Сан Диего соопшти дека е запрен сообраќајот на еден од најпрометните гранични премини меѓу Сан Диего и Тихуана, а во прекин е и преминот за пешаци.

Повеќе од 5.000 мигранти од централна Америка се во Тихуана откако преминаа пат долг 4.000 километри во обид да успеат да влезат во САД.