Нуклеарната подморница УСС „Флорида“ ќе биде разместена на Блиски исток за поддршка на 5-та флота на воено-морските сили на САД базирана во Бахреин, јавија дел од американски медиуми.

Како што изјави Тимоти Хокинс, командант на 5-та флота, подморницата е способна да носи 154 крилести ракети „Томахавк“ а ќе биде распоредена „со цел обезбедување регионална безбедност и стабилност“.

Воено-морските сили на САД ретко соопштуваат за местоположбата или распоредувањето на подморниците. Хокинс не коментираше какви задачи ќе изведува подморницата или зошто е распоредена.

Оваа флота патролира низ стратешки важниот Ормуски Проток, тесно устие на Перискиот Залив преку кое се транспортира 20 отсто од вкупната снабдувачка со нафта во светот.

Според повеќе извори, САД, Велика Британија и Израел го обвинуваат Иран за напади на нафтените танкери и комерцијалните бродови, но Техеран ги демантира тие тврдења.

Морнарицата на САД исто така соопшти за серија напнати морски судири со иранските сили, кои според нив се однесувале „неразумно и агресивно“.