Ако Русија не го сака НАТО на своите граници, тие само треба да ја сопрат агресијата против своите соседи.Ова го изјави капетанот о дпрв ранг во морнарицата на САД, Гери Табах,кој е поранешен претставник на НАТо во Москва, цитиран од украински медиуми.
-Сакам да се обратам до Русите. Ако не сакате вашите соседи да се приклучат кон НАТО, не ги окупирајте нивните територии, бидејќи ако ги нападнете, тие ќе сакаат да влезат во Алијансата, изјави Табах.
Според неговите зборови, ако Русија ја прекина агресијата, тоа ќе ја одврати Украина да се приклучи на НАТО.
Генерал Табах забележува дека во моментов не постои единствено решение за НАТО во однос на Русија.
Според него, од рускиот претседател Владимир Путин може да очекува сешто – од подмолни шеми во стилот на КГБ до употреба на „црвеното копче”.