Нова политичка формација, наречена Партија на бегзит (Brexit Party), се појави во Британија, соопшти британската изборна комисија.

Партијата има поддршка од Најџел Фараж поддржувач на напуштањето на Европската унија и клучна фигура во референдумската кампања за брегзит во 2016 година.

Регистрацијата на партијата ќе овозможи да учествува на изборите во Обединетото Кралство, а особено оние во Европскиот парламент во мај, кои исто така, може да се случат ако брегзит се одложи по 29 март.

-Партијата беше основана со мојата целосна поддршка и со намера да учествувам на европските избори на 23 мај, ако дотогаш брегзит не се случи, изјави Фараж за Дејли телеграф, прецизирајќи дека во тој случај ќе учествува на изборите .

Фараж објасни дека партијата добила „стотици кандидатури” од потенцијалните членови, како и сериозни ветувања за финансирање.

Портпарол на изборната комисија изјави дека партијата е регистрирана на 5 февруари и е предводена од Кетрин Блејклок, поранешен раководен кадар во еврофобската и антиимигрантска Партија за независност на Велика Британија. Таа изјави за Телеграф дека очекува илјадници членови на Конзервативната партија да „дезертираат” од неа за да се приклучат кон нејзината формација.
Во декември минатата година, Фараж ја напушти таа партија што ја предводеше речиси 10 години, бидејќи била неспособна да ја изведе Британија до брегзит.