Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, ќе се одржи во Ханој, главниот град на Виетнам, во крајот на овој месец.

„Моите претставници штотуку се вратија од Северна Кореја по многу добар состанок и прецизирање на датумот и времето на вториот самит со Ким што ќе се одржи во Ханој, Виетнам, на 27 и 28 февруари”, објави Трамп на Твитер.
„Со нетрпение очекувам да се сретнам со претседателот Ким и да дадам придонес за мирот!”, се додава во пораката.