Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин не вклучува само напад на Украина, туку и „напаѓање на принципите во сржта на трансатлантската безбедност“.

Остин ја нарече војната во Украина „војна по избор на Путин“ за време на воведните зборови во Пентагон пред состанокот со германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Војната по избор на Путин зеде ужасен данок врз цивилните жртви и принуди милиони невини Украинци да ја напуштат својата земја“, рече тој.

Остин и се заблагодари на Германија за соработката со САД за распоредување сили „во и преку Германија во последните месеци“, како дел од зголеменото безбедносно присуство на САД во Европа. Тој, исто така, рече дека ја поздравува одлуката на Германија да потроши 2 отсто од своето „економско производство за одбрана“.

„Заедно испраќаме јасна порака, а таа порака е дека секој предизвик за нашата безбедност ќе наиде на цврст и обединет одговор. И нашата посветеност на колективната одбрана на НАТО е железна“, рече Остин.