Двајца американски сенатори откако беа информирани од заклучоци на ЦИА, изјавија дека немаат сомнежи оти саудискиот претсолонаследник наредил убиство на наовинарот Џамал Кашоги.
Тој став противречи на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече дека разузнавачката служба не нашла апсолутно никаков сигурен доказ.
– Неман никакви сомнежи дека саудискиот престолонадленик Мохамад бил Салман наредил убиство и дека цело време би информиран за ситуацијата, изјави Боб Коркер, по состанокот со Џина Хаспел, директорка на ЦИА.
– Мислам дека тој е соучесник во убиството на Кашоги на највисоко ниво, додаде сенаторот Линзи Грахам.
Коркер, шеф на Одбор за надворешни работи, рече дека на тој состанок не слушнал аудио снимка од убиството на Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул.