Кинеската армија предупредила американски воен брод што влегол во нејзините територијални води, кај островите Парасел, во Јужното Кинеско Море, и го придружувала оттаму до излегување .

Британските медиуми пренесоа дека Јужната команда на кинеската армија соопшти дека американскиот разурнувач „УСС Бенфолд“, без нивна дозвола влегол во кинеските територијални води.

САД често пати извршуваат, како што тврдат, „мисии на слободна навигација“ во спорните води, што Кина ги смета за свои.