Кина би можела да ја искористи украинската криза и да направи нешто „провокативно“ во Азија, во моменти кога западните сили се фокусирани на смирување на тензиите со Русија, предупреди денеска генерал Кенет Вилсбах, началник на американските пацифички воздухопловни сили
– Од гледна точка на тоа дали Кина ќе види што се случува во Европа и ќе се обиде да направи нешто овде во Индо-Пацификот – апсолутно да, поради тоа сме загрижени, рече Вилсбах, користејќи алтернативен термин за азиско-пацифичкиот регион.
– Нема да биде изненадувачки ако се обидат со нешто што може да биде провокативно, за да видат како ќе реагира меѓународната заедница, додаде тој.
Вилсбах рече дека кога Пекинг изразил поддршка за Русија во конфликтот со Украина, разговарал со својот персонал и другите актери во регионот за можните далекусежни импликации.
Со седиште на Хаваи, командата на Вилсбах ќе игра централна улога доколку избие конфликт на Пацификот.