Контролата над Украина отсекогаш била дел од американските планови, изјави американскиот филмски режисер Оливер Стоун во интервју за шпански новинари, пренесува ТАСС.

Стоун вели „Украина е дел од американскиот план, тоа отсекогаш било“.

Според него, Вашингтон го испровоцирал актуелниот конфликт меѓу Русија и Украина.

– САД извршија пуч во Украина во 2014 година за да ја вратат прозападната влада. Украина дотогаш беше неутрална и важно е да се запамети тоа. Одеднаш Русија стана непријател, вели Стоун.

Според американскиот режисер, целта на американското раководство е да го собори рускиот претседател Владимир Путин и да пристапи до руските ресурси „по одредена цена“.

Режисерот ги нарече САД „доберман, методично куче – убиец со многу пари“. Во исто време, за Стоун „Путин е разумна, мирна, внимателна личност“.

– Ние создаваме непријатели за да одржиме работите. На државата и треба стратегија на тензија бидејќи тензијата го движи светот, а производителите на оружје се среќни затоа што продаваат оружје на овие земји, вели режисерот Стоун.

Тој пред неколку години сними докуметарен серијал со Путин во Кремљ каде рускиот претседател одговараше на низа провокативни прашања на славниот холивудски режисер и оскаровец.