Американскиот свештеник Ендру Брансон стигна денеска во својот дом во Турција откако денеска турски суд одлучи да го пушти по двегодишен притвор.

Тој потег може да сигнализира голем чекор за поправање на врските меѓу САД и Турција.

Брансон ја напушти судницата во придружба на неколку возила во својот дом во провинцијата Измир.

Суд во Турција денеска го осуди Брансон на три години затвор, но и нагласи дека нема и понатаму да отслужува казна бидејќи е во притвор од октомври 2016 година.