Косовскиот претседател Хашим Тачи во изјава за Франс 24 нагласи дека до скледната пролет ќе биде постигнат договор со Србија што ќе вклучува корекција на границите.

Тачи додаде дека промената на границите не е идеја што тој сака да ја претстави, туку дека по досегашните преговори тоа е единствено мудро решение за стабилност.

Според него, договорот треба да содржи и признавање на Косово и членство во ОН.