Москва е подготвена да преговара со НАТО за можноста за склучување договор за спречување опасни воени инциденти, изјави денеска заменикот-министер за надворешни работи на Русија Александар Грушко.

– Изнесовме предлог за напредување во спречувањето опасни воени инциденти. На пример, повикавме на директни консултации на кои би учествувале воени функционери од сите земји кои веќе потпишале договори со нас за превенција на опасни воени инциденти, како и оние кои би сакале да склучат такви договори. Исто така, кажавме, во рамки на Советот Русија – НАТО дека сме подготвени за оваа тема да разговараме со Алијансата како организација, истакна Фрушко.

Тој вели дека Алијансата засега не покажува никакви значи дека е подготвена на такво нешто.