Романската полиција приведе 52-годишен маж, кој се претставувал како гинеколог, а кој е осомничен за 20 случаи на сексуална агресија, 17 силувања и 26 повреди на личниот простор.

Мажот се претставувал како лекар кој правел снимки за време на лажни гинеколошки прегледи.

Во денешното соопштение на полицијата во Букурешт се наведува дека осомничениот испраќал електронски писма до потенцијални кандидатки за работа, по што ги доведувал во заблуда жеите дека треба да подлежат на медицински преглед за да бидат примени во служба. Без каква и да е медицинска квалификација, осомничениот ги подложувал кандидатките на психолошки и гинеколошки прегледи на „неконвенционален начин“. Тој поставил камери во собата и ги снимал „прегледите“, создавајќи си архива од порнографски материјал.