Од денеска па во наредните 60 дена променет режим на сообраќај ќе има на делницата Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај село Здуње.
– Виадукт трејд- ДООЕЛ известува дека денеска ќе се започне со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај село Здуње во времетраење од 60 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопшти АМСМ.