Делница Маврови Анови – Жировница, почнувајќи од утре 24 август од 10 до 16 часот ќе биде со изменет сообраќаен режим поради градежни активности.
Од АМСМ информираа дека измената на режимот на сообраќај на овој патен правец во времетрање од 45-60 дена ќе биде со комплетно затворање на делницата во одредениот временски период, при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202,
Автомото сојузот репорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.