Израел пријави дека во последните 24 часа има регистрирано 3 885 позитивни на корона вирусот и дури 55 починати.

Израел има 9,3 милиони жители, па на милион жители тоа се 417 позитивни и 5,9 починати.

Македонија денеска пријави 882 позитвни лица или 441 позитивен на милион жители и 14 починати односно 7 на еден милион жители.

Израел има целосно вакцинирано 60,1 отсто од населението и тоа најмногу со Фајзер, додека Македонија има целосо вакцинирано 23,6 птсто од населението.