Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози.

Авто мото сојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Граничните премини остануваат затворени за влез и излез од државата како дел од мерките на справување со ширењето на корона вирусот.