Во Турција се приведени 15 од 39 осомничени под обвинение за нерегуларности во изградбата на згради што се урнаа во турската област Дијарбакир, јави Анадолија.
Обвинителството во Дијарбакир почна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на зграда што се урна во земјотресот на 6 февруари.
Полицијата синоќа приведе 15 осомничени, вклучувајќи ги и изведувачите на работите, под обвинение за кривично дело „убиство со предумисла“.
Во тек се активности за приведување на уште шестмина осомничени кои се во бегство.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Во серијата земјотреси кои ја потресоа Турција животот го загубија 36.187, додека во соседна Сирија загинаа околу 4.000.