Според анализата од претставници од Вишеградската група, на податоците за тоа која земја, колку и помогнала на својата економија со пакет економски мерки, Македонија е на претпоследно место во Европа. Според податоците, пакетот мерки што го подготвила Владата на Спасовски, изнесува само 0,2 отсто од БДП, а помалку одвоила само Белорусија со 0,1 отсто.

Очигледно дека за оваа анализа е земен в предвид само пакетот кој изнеусва 200 милиони евра, но истите параметри се употребени и за другите земји. Како што можете да видите, најмногу пари издвоила Германија – 30 отсто од БДП, потоа Велика Британија – 24 отсто, следат Италија и Шпанија со 20 отсто до БДП, потоа Унгарија со 19,6 отсто, Чешка со 18 отсто итн.