Додека Венко се пенавеше против ТВ Алфа, измислувајќи разноразни инфантилни зезалици и фаќајќи усвета од соочување со истата таа телевизија, народот презаситен од преголем сеир содржан во политичката пародија на Бихаќка пропушти една битна информација.

Едно СДС откровение, една невeројатна промена…

Пред очи, засенета со 100-те други глупоштии на „лидерот“, сите заборавија на една битна поента во неговиот муабет. Тоа не се мигрантите, јок, ниту лажниот криминал во Алфа, уште помалку имагинарната кривична одговорност на премиерот Мицкоски. Да не е непосточекиот банкрот на државата? Ни тоа.

Луѓе Божји, па СДС повика на почитување на ГЛАСОТ НА НАРОДОТ!

Да, ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, околу копањето на антимон во кривопаланечко Луке, требало да се слушне гласот на народот, свреска Венко.

„Ако се слушаат премиерот и градоначалникот, како што кажуваат, добро е да се слушаат, да комуницираат, затоа што е добро да соработува централната со локалната власт. Меѓутоа, многу е важно, дали тоа е врз основа на тоа што го кажуваат граѓаните во Крива Паланка. Ако тоа граѓаните на Крива Паланка и регионот го одобруваат, нема проблем. Но, ако не го одобруваат, тогаш јас и СДСМ застануваме на страна на граѓаните“, рече многу промуќурно тазе трансформираниот Филипче.

Да, каква невидена трансформација на СДС. Каков пресврт во главите на партијците кои „мува не ги лазеше“ што мисли народот. Историски и децениски „храбри“ политичари кои не ги тангираше што мисли Македонецот, па на сила и „храбро“, на свои плеќи носеа територијална поделба, менуваа име на држава, Устав и преамбула, прифаќаа идиотски Француски предлози, носеа двојазичност на „своја рака“ и што ли не.

И сега, на СДС така наеднаш му стана битно што мисли и што сака народот?

Некој ќе рече „па боље икад, него никад“. Друг, пак, ќе размисли и ќе сфати што е причината за ваквата 180-степенска ротација.

Се сеќавате за „Некои прашања не заслужуваат одговор“ во 2004-та? Кога Бучко бегаше од народот во Струга. Кога не ги интересираше ни што мислат граѓаните во Кичево. Ни под разно…

А, ви текнува на СДС аздисаните Заевци на Рефендумот за промена на исконското име на кој граѓаните со алатката наречена БОЈКОТ кажаа едно ГРОМОГЛАСНО НЕ!

Цел еден народ има кажа да седат мадро и да не чепкаат каде што не треба, ама октроираните северни ќелепури не послушаа. Потоа следуваше она што следуваше, фатија лабилни пратеничиња за „онаквите“, ги уценија и им се заканија, па сменија и Устав и преамбула. И не’ зацрнија за век и веков. Името ќе се врати, разилот ќе остане.

Хронолошки, дојде бугарскиот Француски предлог, за кој над 80% од граѓаните на анкетите и десетици илјади на улиците им рекоа НЕ! И пак, СДС го направи она што некој им кажа, но не и народот. „Стапот“ од истото го јадеме и ден-денес…

И сега, замисли, СДС и Венко многу се потресле што ќе кажеле граѓаните во кривопаланечко. Очебијно, нешто им ги отвори ушите и чакрите на социјалдемократите.

Да не случајно се работи за можноста – голем дел од врхушката да добие „часови по клавир“ заради тешки зулуми и арамилак врз народната каса? На таа „могуќност“ наречена ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗЛОДЕЈАНИЈАТА да не се должи подобрениот слух и новоотворената душа за народски проблеми кај довчерашните зулумќари?

Та сега, види богати, битен е народот и неговото мислење, сега веќе не аздисуваат, не с етака „храбри“, не го верглаат она на „С“ како расипани плочи, сега се сетија на стандардот на граѓаните, битна им стана Македонија, кај и да е и со сонцето од Кутлеш ќе замавтаат ајваните.

Во меѓувреме, во тој политички делириум-тременс „лидерот“ ќе се кара и јача со медиуми, ќе сушат-лажат, очајнички ќе измислуваат наративи и криминали, мизерно ќе поднесуваат инфантилни кривични, дефетистички ќе ламентираат за мигранти, индолентно ќе се радуваат на победи на десничарски партии „у иностранство“, ќе се „борат“ за народот, а ако треба и ќе „гинат“ за Македонија, се’ и се’ само за да ги отргнат црните мисли од отворената можност за одговорност.

Разберете ги, не им е лесно.

ВАКА ЛИ КРАЈОТ МИРИСА?

П.С.

Туку, каде ви е Заев и чуму не е во Македонија?

Онака, пак за ДРУГАРЧЕ прашуваме…

Курир.мк