Се крсти ли Филипче во аболиција од странците заради „минатиот труд“ во промената на името, двојазичноста и инфантилниот Француски предлог?- пишува Курир во својата анализа.
Дали соочен со одговорноста која неминовно доаѓа „лидерот“ на СДС Венко Филипче побара спас и помош од некакво си европско обвинителство? Дали поучен од искуството со неговиот три пати аболиран стопан Заев сега апелира македонското правосудство да не му суди? Ова е негова или идеја на Заев кој вчера по месеци и месеци се врати во Македонија?
Мораше пустиот, не дека сакаше, во Дубаи одамна не било безбедно поради војната со Иран, а макар и зандана во Македонија изгледала многу подобро и побезбедно од хотел со 5 ѕвезди со 6 ракети што летаат околу тебе, велат упатените…
Толку ли е уплашен Венко од „чувството“ што го изрази премиерот Мицкоски за одговорност на премиери, министри и екс функционери? Па мораше во паника ли да срочи:
„Ние ќе го донесеме Европското обвинителство на кое што никој нема да може да му влијае. Гледајте како европската обвинителка до скоро беше активна и какви случаи расчистуваше во регионот. И само така ќе се врати довербата во судството. Нема никако поинаку да се врати довербата во судството. Не со еден човек, лидер или монарх, со систем. И ние за тоа се бориме, да го вратиме и да го етаблираме системот. Повеќе никој да не може да го демантира како тоа се прави со европските институции тука кај нас“, рече избезумениот Филипче во 7-то интервју во минатите 6 дена.
Можеби, сака да го воскресне СЈО и да ја врати Катица Јанева со Ленче и Фатиме?
Затоа ли веќе три недели и без никава основа „фрлаат со дрва и камења“ по новиот Државен јавен обвинител Ненад Савевски?
Толку ли арамилак има збрано во фиоките кои ги држеше затворени Коцевски?
Народот вели „гладна кокошка просо сонува“, а улицата на шега исправа „страден лидер слобода сонува“.
Истиот тој македонски народ вели ШТО СИ СЕЕЛ, ТОА ЌЕ СИ ЖНЕЕШ…
Извор: Курир




