Карло Анчелоти ја прифатил понудата од Бразил да биде селектор, на функцијата ќе седне од идната сезона, кога ќе му истече договорот со Реал Мадрид.

Бразилските медиуми пишуваат дека Карло Анчелоти од јуни 2024 година ќе седне на селекторското столче на Бразил. Договорот е постигнат, а веројатно ќе биде потврден во текот на идната недела.

Анчелоти во престојната сезона ќе го води Реал Мадрид, а откако ќе му истече договорот ќе се префрли во Бразил.