Правдата како никогаш да не е достижна. Бизарно е ова што го прават во судот и Судскиот совет, овие луѓе не ја заслужуваат судската функција, не заслужуваат да бидат на врвот на пирамидата во Правосудниот систем, истакна во совоето гостување во „Наткаст“ министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
-Како да го пробиваме дното со секоја одлука на судите, па и на судскиот совет, па и на процедурите внатре во повисоките судови, дури добри одлуки на првостепениот Суд, потоа се провлечкуваат во Апелација, па се менуваат или се враќаат на повторно одлучување, па тоа трае со месеци, години… Правдата како никогаш да не е достижна, рече Андоновски.
Драго ми е што граѓаните бараат одговорност од судот и Судскиот совет, можеби тоа е единствениот начин да се изврши притисок врз луѓе кои што не ја заслужуваат судската функција вели министерот Андоновски.
Бизарно е ова што го прават во судот, а драго ми е што граѓаните бараат одговорност од судот и Судскиот совет, коментарите се брутални па и такви треба да бидат. Се организираат, маршеви, протести, се искажува револт од страна на граѓаните. Можеби тоа е единствениот начин да се изврши притисок врз луѓе кои што не ја заслужуваат судската функција, не ја заслужуваат да бидат на врвот на пирамидата во Правосудниот систем, смета Андоновски.
Во продолжение можете да го погледнете целото гостување на министерот за дидитална трансформација Стефан Андоновски: