-Јавната администрација се употребува односно се злоупотребува да бидам попрецизен како алатка за социјална помош од една страна и второ како алатка за ангажирање на армијата која што треба да работи за ДУИ и СДСМ за следните избори, и тоа се прави на три начини, рече Стефан Андоновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација на денешната дебата „Важно е! Платформа за иднина“ на тема Важно е да имаме фер избори.

Андоновски најпрво се осврна на вештачкото вработување односно како во последните 6 години тивко се полнеше администрацијата со партиски  послушници на СДС и ДУИ.

-Прво е вработувањето, т.е вештачкото вработување. Вториот дел е најзаслуженото или незаконското унапредување на лица во рамки на јавната администрација и третиот дел е на партиското разрешување и уназадување на лица во јавната администрација. Сведоци сме последните 6 години со едно тивко полнење на администрацијата однадвор во исти време ни се случуваше да партиските непослушни кадри во рамки на институциите, луѓето кои што не се подведоа под власта на ДУИ се шиканирани, уназадувани, дел од нив преместувани на работни место по 20-30-50 километри од нивното место на живеење, за во исто време нивните места вештачки да бидат пополнети со кадри кои што не ги исполнуваат условите, кој што го менуваат својот етникум по 3-4 пати на ден за да може да аплицираат на конкурсите и кои незаконски се качуваат 2-3-4 скалила во јавната администрација. Замислете имате приправници кои што се подготвуваат да бидат раководители на сектори, приправник раководител на сектор. Да се задржам на вештачки полнета администрација , тоа што беше  тивко полнење во 6 години прерасна во епидемија на вештачко полнење на администрација, експлодираат бројките. Замислете во конкурс распишан пред неколку дена, 60 лица се бараат да бидат вработени во СОЗР, 355 лица се бара да бидат вработени во ЈП„ Македонски шуми“, 82 лица треба да бидат вработени во матично, 61 во колабиран Фонд за здравствено осигурување. Токму тоа што се случува во Македонија, ова вештачка експлозија или ова преполнување на јавната администрација, преку 3.000 позиции се отворени во моментот, околу 1002 се преку Агенцијата за администрација, преку АВРМ  се 736, уште 95 се во јавното претпријатија за патишта, рече Андоновски.

Андоновски во врска со ова даде апел надлежните  во наредниот период да си ги поништат сите незаконски и  неважечките постапки.

-Ќе дадам еден апел тука сега уште додека не сме започнале со вистинска работа во министерства, а тоа е свесни се дека направиле многу злоупотреби, свесни се дека имаат направено многу киксови внатре во институциите, дека постапките во голема мера се неважечки и незаконски. Апелирам во наредниот период да си ги поништат, додека се уште отворени, таму каде што самите се свесни дека направиле кикс  во постапката, да си ја поништат затоа што гарантирам дека со доаѓањето на техничката влада, особено новата влада на ВМРО-ДПМНЕ одговорност за вакво незаконско однесување, за ваква тешка злоупотреба на службената положба ќе има, и ние тоа го гарантираме, кажа тој.

Андоновски потенцираше дека поради неспособните министри во МИОА во последните 5-6 години ова министерство уназадувало во однос на дигитализацијата и трансформацијата на општеството.

-Во делот околу разрешувањата и унапредувањата, замислете МИОА кое што важеше за пример во регионот, во Европа како треба да функционира во моментот кога беше формирано од владата на ВМРО-ДПМНЕ и двајца исклучителни министри кои што го водеа тоа министерство, во последните 5-6 години сменија 4 министри со исклучително слаби биографии,  и за жал можеме да кажеме дека ние уназадуваме во дигитализацијата и во трансформацијата на општеството, наместо да напредуваме. Ако бевме лидери во 2014-2015 во покриеноста со интернет во секое домаќинство, ако бевме лидери во ниските цени на услуги во телекомуникациските сектори, денеска зборуваме дека сме поназад од државите кои што тогаш препишуваа од нас, потсети Андоновски.

На крај Андоновски јасно рече дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на изборите кои што следуваат ќе биде драматично голема.

-Сигурен сум дека секој од нас ќе се потруди максимално колку е  можно да го заштити изборниот процес и да имаме колку толку кредибилни избори во кои што ќе можеме да веруваме. Јас во победата не се сомневам, ни една секунда, таа победа ќе биде драматично на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, порача Андоновски.