Стефан АНДОНОВСКИ

“Фасцинира” како Алтернатива го критикува својот поранешен коалиционен партнер Алијанса дека ќе влезела во Влада само за да го заштити Ахмети, кога истата таа Алтернатива исто влезе во влада за да го заштити дуото Ахмети-Таче. Се сеќавате како славеше Груби во “рок” манир кога го киднапираа сега веќе огнениот Кастриот.

Тоа што не сфаќаат и Алијанса и Алтернатива е дека после вакво салто мортале во полза на Груби, Османи, Ахмети и Таче – на мапа нема да бидат видливи после следните избори, не па нешто да направат за победа кај своите гласачи.

Алтернатива е очигледен пример – веќе не постои ни на анкети, ни во јавност.

Но, секој со својот памет.