Стефан АНДОНОВСКИ

Бујар Османи со „слаткоречива“ упорност и постојаност ја лаже македонската јавност. Неколку суштински примери:

1. Лаже дека исполнувањето на Договорот со Бугарија не е дел од преговарачката рамка и нема да се оценува. Членовите 5 и 41 исполнувањето на условите од Договорот ги поставуваат како критериуми за чие исполнување може да се побара и мониторинг.

2. Лаже дека Бугарија не сакала уставни измени во Македонија. Токму Радев ги побара уставните измени во 2019 година, за да ги затскрие неговите посуштински барања и провокации кои ги испорачува од моментот кога оваа влада ја прифати рамката.

3. Лаже дека сега за прв пат со уставните измени би се направила дефинитивна разлика меѓу македонскиот народ и бугарскиот народ. Разликите меѓу двата народи се антрополошки и културолошки и никогаш во Македонија не биле оспорени. Сите Бугари кои живеат во Македонија СЕКОГАШ имале право да се определат како Бугари и никој не ја спорел различноста меѓу двата народи. Различноста ја спори Бугарија, и за жал, Бујар Османи никогаш не побара реципроцитет (Бугарија да декларира дека постои македонски народ и јазик, различен од бугарскиот).

4. Османи лаже дека нема отпор кон уставните промени од експертската јавност. Професори, политички експерти и аналитичари, па и над 80% од македонските граѓани се против уставните измени во оваа форма. Толкувањата и објаснувањата се на ниво на прашањето за реципроцитет, прашањето за зголемување на бројката во Комитетот за односи меѓу заедниците, за прашањето на „балансерот“ и вработување во институции, прашањето на злоупотреба на извадените бугарски државјанства, итн.

5. Лаже дека доколку не се направат уставните измени, пред Советот на Европа Македонија ќе биде обвинета за непочитување на правата на малцинствата. Огромно мнозинство (околу 2/3) од државите членки на Совет на Европа воопшто не набројуваат малцинства во своите устави. Македонија предничи во заштитата на немнозинските заедници и пред многу држави-членки на ЕУ. И уставните измени не играат никаква улога.

Списокот со лаги е долг колку за една книга. Ова е само да не мисли Османи дека македонците не знаат да читаат, не памтат или се неписмени.
Оставка!