За 12,9 е намален криминалот во земјава во првите 6 месеци годинава во споредба со лани, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано на 100.000 жители и истата е намалена во споредба со истиот период од минатата година кога изнесуваше 615,4, објави Спасовски на Фејсбук.

Во овој период, според Спасовски, регистрирани биле 9.844 кривични дела во споредба со лани кога имало 11.304 кривични дела.