Збунувачки ми е тоа што новиот роман ми е одбиен, е преводот на мојот роман „Страв од варвари“ на албански јазик е поддржан од Министерството за култура, вели писателот Петар Андоновски, кој е добитник на Европската награда за литература и наградата „Роман на годината“.
Андоновски реагираше по објавувањето на резултатите и рече дека е збунувачки што новиот роман на македонски јазик со кој конкурирал е одбиен, а поддржан бил неговиот роман „Страв од варвари“ на албански јазик.
Тој додаде дека наместо писателите да се занимаваат со пишување се занимаваат со суетна министерка, нагласувајќи дека и многу посуетни министри пред Бисера Костадиновска-Стојчевска се обидувале да ги замолчат, но не успевале.
Министерката Костадиновска – Стојчевска пак вели дека завршило времето на партиски делби на парите:
– Никогаш повеќе ова министерство нема да одлучува по партиски клуч, онака како што беше до пред неколку години. Мојот став е дека секој квалитетен проект, за кој комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи и никогаш да не се гледа на индивидуалност, на партиска припадност, како што сум сигурна дека комисијата ниту за овој повик не го правеше, вели министерката.