Генералниот секретар на германската Христијанскко демократска унија Анегрет Крамп-Каренбауер е избрана за нов лидер на партијата. На функцијата во партијата ја наследува кацеларката Ангела Меркел.
Крамп-Каренбауер победи во вториот круг од гласањето на конгресот на партијата во Хамбург.
Таа го победи Фридрих Мерц. За неа гласаа 517 делегати, додека Мерц доби поддршка од 482 гласа.
Крамп-Каренбауеб досега беше втор човек во хиерархијата на ЦДУ.
Меркел има намера да остане канцелар до крајот на мандатот – крај на 2021 година.