Момчето чудо ги воодушевува сите околу себе, затоа што и покрај траумата што ја доживеало тоа е постојано весело и насмеано.
Во април оваа година во трговскиот центар „Мол оф Америка“, 24-годишен напаѓач го фрлил 5-годишниот Ланден Хофман преку оградата од третиот кат, а момчето паднало на подот.
Иако сите мислеле дека е невозможно Ландел да преживее, чудата започнале веднаш. Момчето не доживеало повреди на мозокот или ‘рбетниот столб, како што првично се мислело, а повредени му биле раката и ногата и површината на главата, што лекарите го прогласиле за чудо, со оглед на висината од која било фрлено.
По падот Ленден одел на физикална терапија и се опоравил совршено и неодамна се вратил на училиште заедно со неговиот брат и сестра му.
Емануел Аранда (24), кој бил осуден на 19 години затвор за обид со предумисла за убиство, бил обвинет за овој вознемирувачки напад и се бранел со тоа дека не успеал да види оти станува збор за дете затоа што, како што рекол, возрасните стоеле до оградата.
Семејството на момчето не присуствувало на рочиштата, но на медиумите им било кажано дека тие му простиле на напаѓачот и се молеле за него.
Момчето чудо, како што Ланден го нарекуваат американските медиуми, исто така ги воодушевува сите затоа што и покрај траумата, тој постојано е весел и насмеан, раскажува само позитивни искуства, а она што особено ги допира срцата на многу луѓе е тоа што малото момче им кажува на сите дека во моментот кога бил фрлен од 3-ти кат, тој не бил сам.
„Ангелите ме фатија и ме носеа, а Исус многу ме сака, и за тоа сум добар, а не грижи се, и вие ќе бидете добри“, вели момчето, смирувајќи ги сите околу себе.