Тинејџерка од Мисисипи ги молела своите родители да ја пуштат да се вклучи во потрагата по исчезнат старец со деменција, а кога го пронашла, рекла дека Бог ја одвел таму.

Кети Кволс видела објава на Фејсбук од соседот во која пишувало дека стар човек со деменција го напуштил имотот. Веднаш во нејзиното срце таа почувствува желба да го пронајде. Ја вознемирувало тоа што тој се наоѓа некаде надвор на ладно место.

„Веднаш отидов кај моите родители и им реков: Нема да можам да спијам додека не биде пронајден“. „Размислував само за тоа како би се чувствувала да беше тоа дедо ми или некој близок“.

По согласност на нејзините родители, таа се облекла топло и отишла во потрага по изгубениот старец.

Речиси сите истражувачки тимови влегле во шумата за да го најдат, но Кети отишла по друг пат. „Одев наоколу и чувствував дека тоа е во ред“, објаснува таа.

„Слушнав нешто и се свртев лево, а тој лежеше на земја, заплеткан во грмушки. Не би го виделе, освен ако сте влегле во грмушките “.

Кети била многу нежна кон него и го уверила дека нема да му наштети. „Тука сум да ви помогнам“, му рекла таа, „Го познавам твојот син, ги познавам твоите внуци“. Потоа таа го кренала старецот во раце и го однесела во полиција.

Кети знаела кој ја водел низ целата потрага и таа му се заблагодари на Бога, велејќи: „Сфатив дека тоа е Бог“.

„Тој ме одведе таму. Јас навистина верувам дека го стори тоа со причина. Со сите работи што се случија во мојот живот неодамна, чувствувам како да има план за мене. Не знам што е, но знам дека ќе биде да им помагам на луѓето “.